Датуми во септември кои носат големи промени за хороскопските знаци

Септември е одличен месец за нови потфати и промени. Но, сепак бидете внимателни што правите. Добро размислете кога донесувате нови одлуки.

За да ви олесниме, ви ги носиме деновите кои се најпогодни за промени.

14 септември

Ова е денот кога Меркур влегува во Вага и кога комуникацијата е во втор план. Потрудете се да докажете што сакате и помалку да зборувате, а повеќе да делувате. Ако сакате да докажете нешто, побарајте помош од некоја блиска личност од вашето семејство или на работа.

Истиот овој ден, Венера влегува во Вага и носи радост во нашите животи. Овој датум е одличен за почеток на нови соработки или нови поглавја во вашиот живот. Ако планирате да стекнете нови вештини, ова е совршен ден за тоа.

Вагата носи рамнотежа во нашиот живот, па ќе се почувствувате како се да е на свое место.

18 септември

На овој ден по 5 месеци во ретроградна фаза, Сатурн преоѓа во пасивна фаза. Ова е период кој е одличен за акција. Сетете се на некои свои ветувања и почнете да работите на нив.

21 септември

Тогаш Јупитер и Нептун се наоѓаат во исто соѕвездие. Ќе се разбуди вашата желба за нови работи. Ќе заземете нови гледишта во вашиот живот и ќе живеете во рамнотежа. Ова е период кој ќе ви ги отвори очите и ќе ве насочи сосема во спротивна насока од таа која сте ја имале досега.

23 септември

На овој ден Сонцето влегува во созвездието на Вагата. Искористете го овој период за да бидете позитивни. Оваа дата е совршена за да направите нешто што долго сте сакале да го постигнете, на професионален или љубовен план. Се ќе ви оди од рака.