ДАСКАЛОТ ОД АЕРОДРОМ

Како поранешен наставник во средно училиште, најмалку што се очекуваше е да ја подобри состојбата во образованието или барем да ја задржи на ниво каква што беше претходно.

Аеродромци го поддржаа Златко Марин со цел исполнување на ветувањата од предизборната програма, каде што во делот на образование се дадени неколку големи ветувања, од кои само дел ќе набројам:

                - обезбедување на училиштата на товар на општината;

                - нова гимназија „Кузман Јосифовски Питу“ во Аеродром;

- обезбедување на средства за продолжен престој на учениците во училиштата до петто одделение;

И уште многу други.

Но што навистина се случува со образованието во Аеродром?

Ветеното обезбедување во училиштата го нема. Учебната година веќе е во полн ек, учениците се самоорганизираат за обезбедување на училишните простории. Општина Аеродром сеуште нема распишано тендер за избор на агенција за обезбедување која ќе ги обезбедува училиштата. Ветено, неостварено.

Ученичките униформи сеуште не се доставени до учениците. За прв пат после четири години, учениците во Аеродром учебната година ја започнаа без нови униформи. Рака на срце, дел од учениците добија униформа, но истата е со погрешен број, можност за замена не постои, дечињата не можат да ја ностат добиената униформа. Трет месец веќе како се чека избраната фирма (со основна регистрирана дејност за трговија со шеќер и чоколади) да ги достави униформите до учениците.

Основното училиште „Димитар Македонски“ во населба Лисиче е приказна за себе. Во јули 2017 година, со обезбедена финансиска конструкција, завешен тендер, издадено одобрение за градење, отпочна со изградба на нова зграда за потребите на училиштето. Две ипол години подоцна, Златко Марин (градоначалник на Аеродром) и Арбр Адеми (министер за образование и наука) абер немаат да го довршат почнатиот објект. Поништуваа тендери, раскинуваа договори, се само да не се изгради. Дечињата учат во субстандардни услови. Постоечкото училиште се распаѓа, за ново никој и не помислува. Катастрофа!

Ветија и изградба на ново средно училиште. Му дадоа и име, гимназија „Кузман Јосифовски Питу“, човек да помисли само што не го отвориле. Ама абер немаат. Нема ни проект, а како тргнале изгледа ќе си остане само во „планот ЗА ЖИВОТ“.

Последниот скандал е со протестот на жителите на Мичурин против уништување на отвореното спортско игралиште во училишниот двор на ОУ „Блаже Коневски“. Единственото спортско игралиште во тој дел на Аеродром, за малку и тоа да биде уништено.

И ова е само многу мал дел од се` што се случува и не се случува во образованието во Аеродром.

Директор осуден за семејно насилство во најголемото основно училиште во Аеродром, „Лазо Ангеловски“, каде не постои ден да не се случи некој скандал, одложен почетокот на наставата од нижото музичко улилиште „Илија Николовски – Луј“, недостаток на учебници поради неажурност на надлежните, па учениците се принудени да учат од алтернативни материјали, ветените субвенции на родителите на првачињата сеуште се неисплатени, иако скоро пола учебна година помина...

На грешките им нема крај, но жално е што истите се на грбот на родителите и учениците.

Дејан Митески