Дали знаете што ќе се случи со организмот, ако јадете само по 5 сливи на ден?!

Постојат околу 140 видови на сливи, и сите се богати со јаглени хидрати, ниско ниво на масти и калории, богати со витамини А, Ц и Е, калциум, магнезиум, влакна и калиум.

Научниците тврдат, дека само 5 сливи на ден ќе го направи ова на вашиот организам:

Го штитат срцето

Една свежа слива, во просек содржи 113 мг калиум, минерал кој помага во контролата на високиот крвен притисок и го намалува ризикот од мозочен удар. Ако вам тоа не ви е доволно, црвеникаво-синиот пигмент кај одредени видови на сливи, кој се нарекува антоцијан, може да ве заштити од рак со елиминирање на штетните слободни радикали во организмот.

Помагаат при варењето на храната

Сливи се совршени за да им помогнат на цревата да ја завршат својата работа. Залиха на суви сливи (можете да чувате во фрижидер) и можжат да бидат подготвени многу едноставно: Потопете ги сливите во свежо зовриена вода, изладете ги и  замрзнете.

Го намалуваат шеќерот во крвта

Според нутриционистите од Канада, сливите се рангирааат со низок гликемиски индекс, што значи дека можат да ви помогнат да го контролирате шеќерот во крвта, а со тоа го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2.

Им помагаат на коските

Резултатите покажале дека групата која јадела суви сливи имале значително поголема густина на коските во 'рбетот и подлактица.

Ја подобруваат меморијата

Со само 5 сливи на ден можат да ви помогнат да ги неутрализирате штетните слободни радикали кои (негативно)влијаат врз вашата меморија.

Им помагаат на очите

Сливите се особено корисни за здравјето на вашите очи. Фитонутритиентите кои се наоѓаат во сливите можат да ви помогнат да се намали ризикот од болест која се јавува главно кај постарите лица, а тоа е макуларна дегенерација.