Дали за Кирил и Методиј и Бајрам ќе имаме олабавување на мерките или пак подолг полициски час?

На прашање дали ќе има целодневно ограничено движење за празникот Рамазан Бајрам, техничкиот премиер Спасовски повтори дека за сите мерки се слуша мислењето на Комисијата и дека врз основа на тоа се носат одлуките без разлика за кој ден станува збор.

Но, со оглед на фактот дека имаме двоен празник на 24 Мај, тоа заслужува внимание да се разговара и на главниот кризен штаб и да се разговара на седница на Влада. Но, како и да е, одлуките ги носиме на база на мислењата на стручните луѓе и какви ќе бидат доставени, ќе носиме соодветни одлуки и ќе ја информираме јавноста, додаде Спасовски