Дали воздржувањето од храната е доволно за да кажеме дека постиме?!

Но да­ли воз­др­жу­ва­ње­то од хра­на­та е до­вол­но за да ка­же­ме де­ка по­сти­ме?! Ви­стин­ски­от пост е по­вр­зан со мо­ли­тва, по­ка­ја­ние, со воз­др­жа­ние од стра­сти­те и од по­ро­ци­те, со иско­ре­ну­ва­ње на ло­ши­те де­ла, про­сту­ва­ње на на­вре­ди­те и со веж­ба­ње во до­бро­де­тел­та.

Те­лес­ни­от пост без по­стот ду­хо­вен не при­до­не­су­ва за спа­се­ни­е­то на ду­ша­та, ду­ри на­про­тив, мо­же да би­де и ду­хов­но ште­тен, до­кол­ку чо­ве­кот воз­др­жу­вај­ќи се од хра­на се ис­пол­ни со чув­ство на пред­ност во од­нос на дру­ги­те.

Ви­стин­ски­от пост, стои во цр­ков­ни­от нат­пис, е по­вр­зан со мо­ли­тва, по­ка­ја­ние, со воз­др­жа­ние од стра­сти­те и од по­ро­ци­те, со иско­ре­ну­ва­ње на ло­ши­те де­ла, про­сту­ва­ње на на­вре­ди­те и веж­ба­ње во до­бро­де­тел­та. По­стот не е цел ту­ку средс­тво – средс­тво да ја сми­ри­ме сопс­тве­на­та плот и да се очи­сти­ме од гре­во­ви­те. Без мо­ли­тва и по­ка­ја­ние по­стот ста­ну­ва ед­на обич­на ди­е­та.

– Ду­хов­ни­от пост е пре­ку це­ла­та го­ди­на. Но се­га, ко­га цр­ква­та про­пи­ша­ла пос­лу­ша­ние да по­сти­ме и те­лес­но, на ду­хов­ни­от му при­дру­жу­ва­ме и те­ле­сен пост. Осо­бе­но во овој пер­и­од тре­ба да се фо­ку­си­ра­ме, да се нај­де­ме се­бе­си, да се за­мис­ли­ме за де­ла­та или не­де­ла­та што ги пра­ви­ме. Да се веж­ба­ме да не го пра­ви­ме тоа. Но и тоа тре­ба да би­де во ко­ор­ди­на­ци­ја со на­ши­от ду­хо­вен отец. Тој ни пре­пи­шу­ва одре­де­ни мо­ли­тви. Ако по­ста­пу­ва­ме по­греш­но во кон­ти­ну­и­тет ни про­пи­шу­ва сог­лас­на епи­ти­ми­ја, што на не­кој на­чин е ду­хов­на каз­на што ја ис­пол­ну­ва­ме и ко­ја тре­ба да нè по­тсе­ти де­ка мо­ра да ко­ри­ги­ра­ме не­кои свои по­стап­ки – по­со­чу­ваат од црквата.

Да­ли по­стот зна­чи де­нови без мрс­на хра­на и те­лес­ни за­до­волс­тва, и ло­ша мис­ла? Оте­цот ве­ли да, но зна­е­ме де­ка тоа не е из­вод­ли­во. Хра­на­та и те­лес­ни­от ас­пект за­ви­сат од нас. Ние сме тие што мо­же­ме да го ис­пол­ни­ме тоа. Ду­хов­ни­от ас­пект е бор­ба­та што тре­ба да ја по­стиг­не­ме. А, ве­ли оте­цот, се­кој мо­же да го по­стиг­не тоа. При­че­стот го кру­ни­су­ва по­стот и го окреп­ну­ва чо­век за вре­ме на по­сте­ње­то. При­че­ста тре­ба да би­де при­дру­жу­ва­на со ис­по­вед прет­ход­но.

Ви­стин­ска­та су­шти­на на по­стот е изра­зе­на во след­на­ва цр­ков­на пес­на:

„По­сти од хра­на ду­ша­та мо­ја, но од стра­сти­те не се очи­сту­ва – на­праз­но се уте­шу­ва­ме со не­ја­де­ње. За­што ако по­стот не ти до­не­се ис­пра­ву­ва­ње, ќе би­де при­мен од Бо­га ка­ко ла­жен и ќе би­де ка­ко кај ло­ши­те де­мо­ни што ни­ко­гаш не ја­дат“.