Дали сме нервозна нација или околностите во кои живееме не прават нервозни? Македонците се клукаат со седативи

Дали Македонците се нервозна нација или околностите во кои живеат ги прават нервозни? 

Сите проблеми, семејни, работни, егзистенцијални емотивни, како и акумулираната вознемиреност и постојаното чувство на страв, депресија се обидуваме да ги решиме посегнувајќи по „таблетите за среќа“. Еден „дијазепам“, „лексилиум“ или „асентра“ и проблемот е „решен“. 

Податоците на Бирото за лекови кажуваат дека користењето и потрошувачката на седативи во однос на другите лекови во нашата држава е на високото четврто место. Она што особено загрижува е дека седативите ги користат сите старосни групи, а посебно е голем процентот на млади кои стануваат „таблетомани“, надевајќи се дека со тоа ќе ги намалат психичките проблеми.

Лекарите препорачуваат да се избегнува користење седативи и антидепресивни таблети на своја рака, туку прво да се побара лекарска помош. 

Најновото истражувањето на ИЈЗ покажува дека 32,5 проценти од луѓето во земјава минатата година користеле лекови за смирување. Повеќе вакви апчиња пијат жените. Во испитувањето биле опфатени лица од сите етнички заедници и различни професии на возраст од 15 до 64 години.

Резултатите од истражувањето на ИЈЗ покажуваат и загрижувачки податоци за користењето седативи од страна на младите. Над 11 отсто од тинејџерите рекле дека пиеле лекови за смирување, а голем дел ги мешале и со алкохол.