Дали на градот му е потреба „Улицата на црвени фенери“? (видео)

Шест провокативно облечени девојки вечерва од излози на булеварот Св. Климент Охридски на скопјани ќе им нудат сексуални услуги. Секоја ќе има свој излог и различен настап по примерот на сексуалните работнички од борделите на„Улицата на црвени фенери“ во Амстердам.

Излогот е дел од годинашното одбележување на Меѓународниот ден за борба против насилство врз сексуални работнички.

Девојките ќе бидат во излозите на објектот до клубот „Вулкан“ од 17 до 22 часот со пауза од 19 до 20 часот.

Целта на овој перформанс, Божиновски вели дека е отсликување на шармот на „Улицата на црвените фенери“ со бордели во Амстердам, со цел на јавноста да и се покаже дека сексуални работници во Македонија има, но скриени се, стигматизирани од околината и трпат насилство кое не можат да го пријават.