Дали можете да се заразите од коронавирус во автобус на ЈСП?

ЈСП ги редуцираше линиите. Освен што направи гужви во тие што возат не постигна ништо друго.
Ова е фотографирано утрово во автобусот со број 57.

Откако полицискиот час стапи на сила од вчера, последните термини на поаѓање на автобусите на ЈСП се менуваат, како и работното време на билетарниците и центрите за персонализација, информираат од претпријатието.

Оттаму апелираат до сите граѓани, рационално да го користат јавниот превоз, притоа да носат заштитна маска и ракавици и да се однесуваат во возилата согласно препораките за превенција од ширење на коронавирусот.

Со новите мерки на Владата, градскиот превоз во Скопје, како и меѓуградскиот автобуски превоз низ земјата ќе мора да го лимитираат бројот на патници за 50 отсто, со тоа што меѓу нив ќе има најмалку два метри оддалеченост и исклучиво со користење на заштитна маска и ракавици. (извор: Радио МОФ)