Дали глутенот е скриениот виновник за твоите здравствени проблеми?

Што е глутенот и дали неговиот секојдневен внес со исхраната, може да е причина за твоите здравствени проблеми?

Дали безглутенската исхрана е помодарство или потреба?

Одвои време за подобро да се информираш и одлучи сам!

Глутенот е белковина која природно ја има во житарките како пченица, спелт, јачмен, рж и камут.  Неговото присаство во брашното од овие житарки, е одговорно за лепливоста на тестото, и за воздушестата и леплива текстура на лебот.

Загрижувачки се податоците дека во последните 50 години, значително е зголемена појавата на целијакија и на интолеранција на глутен кај луѓето.

Некои студии укажуваат дека и до 30% од човештвото денес страда од прекумерна сензитивност или неподносливост на глутенот, и токму тоа може да е скриената причина за појавата на многуте непријатни симптоми и болести.

Денес има се повеќе докази дека глутенот придонесува за појавата на пропустливи црева, автоимуни болести, како и хронично и системско воспаление во телото.

Се претпоставува дека повеќето луѓе иако секојдневно патат од негативното дејство на глутенот во нивното тело, никогаш не се дијагностицирани и без да знаат продолжуваат секојдневно да внесуваат во своето тело нешто што ги прави болни…

Дали можеби и ти си еден од нив?

Најчести симптоми на неподносливост на глутен се:

  • Надуеност и создавање на гасови после оброкот
  • Чувство на целосна изнемоштеност или безволност после јадењето, но и во тек на денот
  • Чести проблеми со столицата, непријатен мирис и посветла боја
  • Нередовна столица, симптомите варираат од дијареа до констипација
  • Појава на болка во стомакот непосредно по јадењето
  • Главоболка, која со продлабочување на проблемот може да се претвори и во мигрена
  • Симптоми на депресија
  • Проблеми со кожата, како псоријаза, хронично црвенило итн
  • Анксиозност
  • Железо дефицитарна анемија
  • Необјаснето губење на телесната тежина или неможност да се покачи тежината
  • Појава на автоимуни болести особено проблеми со тироидната жлезда
  • Намалена концентрација и фокус, таканаречен “brain fog”

Иако денес постојат повеќе тестови со кои се проверува сензитивноста кон глутенот, сепак за најверодостоен и најлесен начин се смета елиминациската диета.

Ако се сомневаш дека глутенот можеби и тебе ти создава здравствени проблеми, се советува да го исклучиш целосно од својата исхрана во времетраење од еден месец. И потоа повторно да го вклучиш во исхраната. Твоето тело само ќе ти го даде одговорот, ако се чувствуваш многу подобро без него отколку со него одговорот е јасен!

И не се плаши дека ќе останеш гладен, зашто голем е изборот на безглутенски житарки како оризот, пченката, просото, хелјдата, или обиди се во својата исхрана да вклучиш и нешто ново, како киноа или амарант!

Безглутенската исхрана може да биде дури и поразновидна и поздрава отколку секојдневно да се јаде само леб! Изборт на нови и здрави рецепти е бесконечен!