Дали бракот ја убива желбата за секс?

Познато мислење е дека како поминуваат годините и медениот месец избледува, двојките ја губат навиката за секс, тој станува рутина, дури и обврска која треба да се заврши, а не интимна и возбудлива работа.

Дали е тоа затоа што желбата за секс се намалува, а односот помеѓу партнерите преминува во платонски или нашиот биолошки часовник тоа го успорува?

“Љубовта и бракот одат заедно како коњот и кочијата“, ова е стих од познатата песна на Синатра. Но што е со сексот и бракот? Постои ли причина зошто не се римуваат?

Проблемот може да се појави доколку еден од партнерите сака повеќе секс отколку другиот или ако двајцата посакуваат некои промени “во креветот“, а не разговараат за тоа. Една анкета покажала дека поголем дел од луѓето повеќе сакаат брак, отколку слободен живот исполнет со секс. 75% би сакале да се во брак, 18% сакале да се забавуваат, но не и да застанат на лудиот камен, додека само 2% од анкетираните не сакаат ни брак ни забавување.
За жал, испитаниците изјавиле дека квалитетот на сексуалниот живот им опаѓа со годините во брак. 72% од паровите кои се во брак помалку од три години практикувале секс неколку пати неделно, додека истото важи само за 33% од паровите кои се повеќе од десет години во брак.

Шансите дека навистина уживаат во сексот со текот на годините, од 89% се намалуваат на 70%, додека оние кои својот сексуален живот го опишуваат како возбудлив сочинуваат 58%, односно 29%, во зависност од тоа дали се во брак помалку од три години или повеќе од десет години.
Постои и едно непишано правило – оние кои ретко водат љубов имаат и ниско ниво на задоволство во сексот. Тоа може да е резултат на подеднакво намалена желба за секс или ниско либидо кај двајцата партнери.