Да бидеш роден во знакот Овен значи да бидеш роден победник

Да си биде роден во знакот Овек, значи да бидеш роден како победник. Зошто е тоа така?

Иако Марс, владетелот на овој знак, во себе носи агресивна енергија која може да биде деструктивна, сепак токму Марс е тоа што ги прави Овните победници. Овенот секогаш сака да е прв во се. Меѓутоа, не се работи само за натпреварувачкиот дух и љубовта кон победата, туку љубовта кон животот. Овенот владее со првата куќа на природниот хороскоп која го означува раѓањето, енергијата, импулсот, почетокот на животот.

Како прв знак во Зодијакот, Овенот има совршен хороскоп. Имено, сите куќи се природно распоредени, што на некој значи дека сите му служат на него. Тоа значи дека се во животот на Овенот се одвива по природен ред.

Марс во првото поле им дава силна енергија која секогаш ги прави млади во душа, борбени, подвижни, секогаш подготвени за акција со која ги остваруваат своите цели. Овните секогаш се подготвени да признаат пораз и да пружат рака на подобрите од себе. Подготвени се да направат се за да победат, но за нив победата не е победа ако е освоена со подмолни удари. Овенот е гладијатор кој се бори со лавот.

Најдобрите спортисти, војници и освојувачи се родени во знакот на Овен и затоа може да се каже дека Овните се родени да остварат се што ќе замислат.

Мажот роден во овој знач е олицетворение на машкоста, полн со енергија, спортист, авантурист, војник, борец... и лојален. Обично нема проблеми со килограмите, а често ќе го препознаете по детските очи, насмевката, адреналинот...

Во љубовта и семејниот живот се коректни. Сакаат деца и кога ќе се оженат, жената им станува центар на светот. Имаат заљублива природа, полни се со позитивна енергија, а кога Овенот ќе се заљуби, целото соседство го чувствува тоа, затоа што во состојба се со денови да се дотеруваат и средуваат.

Никогаш не се откажуваат од својот плен, единствено можат да прават кратки паузи помеѓу своите освојувања. Кога ќе го освои пленот, знае да се олади, па треба постојано да го предизвикувате.

Што се однесува до кариерата и општествениот статус, кај Овновите тоа доаѓа подоцна во животот, поради 10 куќа во Јарец и Сатурн кој владее со таа куќа.

Жената родена во овој знак на прв поглед е вистинска амазонка, но таа всушност е прекрасна, нежна и чувствителна дама, која бара маж во вистинска смисла на зборот, односно некој посилен од неа. Тие се одлични мајки, приврзани кон домот, децата и своите мајки. Тие се одлични домаќинки, но тоа не ги спречува да имаат и добра кариера, затоа што тие мораат да бидат остварени на сите полиња. Не бара мажот да ја обезбеди, туку да има „достоен противник“ во него.

Обично се витки, привлечни, полни со позитивна енергија, а најинтересно од се е тоа што жените во овој знак имаат „машки мозок“.

Ако сакате да сте апсолутен победник во се, во тоа ќе успеете само ако сте Овен. Нивното мото е: Роди се како Овен и создавај живот.