Да беше лесно да се сака, секој со секого ќе се сакаше...

 

Како вие се грижите за луѓето кои ги сакате?

Дали откако ќе прашате „Како си?“, веднаш почнувате да зборувате како сте вие?

Дали се грижите само во паузата меѓу две активности, кога немате ништо попаметно?

Дали вашата грижа останува на општа мисла или правите нешто во врска со тоа?

Дали кажувате „јави се кога ќе стигнеш“ па после заборавате дека личноста требала да стигне некаде?

Дали изразот „Не треба ништо“ го сфаќате буквално или сепак се трудите да смислите нешто со кое би можеле да помогнете?

Како вие ги сакате луѓето кои велите дека ги сакате?

Теоретски или практично?

Напишано или направено?

Повремено или 24/7?

Дали би откажале, поместиле, промениле планови поради тие што ги сакате и дали никогаш не би очекувале ништо за возврат?

Дали би дале некој дел од себе, своето време, можности, среќа, било што, дали би го дале тој дел од себе без да размислите два пати?

Дали и понатаму ќе размислувате за тоа што ви дала таа личност и колку вие сте дале и дали би ги мереле работите според вашиот кантар и вашиот критериум, наместо да ја гледате целосната слика, а тоа е дека другата личност можеби го дава најдоброто што може и дека не е фер да бидете и судија и обвинител и дека ако продолжите така едноставно ќе ги уморите и ќе изгубат желба да се докажуваат?

Е па да беше лесно да се сака, секој секого ќе сакаше...