Д-р Микиќ: Не носете маски надвор, внимателно со ракавиците

Нема потреба да се носи маска кај здрави луѓе кога се на отворено, надвор, рече епидемиологот д-р Владимир Микиќ во синоќешната емисија То Тема на Телма. Вели дека тоа дури може и да е контрапродуктивно. 

Д-р Микиќ рече дека најважно е да се држи дистанца од два метри, а дека е препорачливо да се носи маска доколку се оди на лекар, доколку користите јавен превоз или имате контакт со заболено лице. Препорача и многу претпазливо користење на заштитните ракавици.

„Луѓето кога ќе стават ракавици мислат дека ја завршиле работата и сега се сигурни и можат да фаќаат што сакаат, заштитени се. Меѓутоа ние несвесно во текот на денот најмалку 20 до 30 пати го фаќаме лицето, дали очите, дали носот, дали устата, дали местиме наочари. Ако ги имаме ракавиците а пред тоа не сме ги измиле рацете а допреме загадена површина и ја пренесеме на лицето, како да не сме ги носеле. Од тој аспект можеби е подобро ракавиците во нормален живот да не се носат, вели д-р Микиќ.