Црната комедија „Исцелител“ вечерва премиерно на МРТ

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Стевревски вечерва премиерно ќе биде прикажан на првиот канал на Македонската радиотелевизија од 21,30 часот.

„’Исцелител’ премиерно на МРТ1! Да ви залечиме некоја рана во карантинов со нашиот специјален рецепт“, напиша Ставрески на Фејсбук.

„Исцелител“ е црна комедија во која главните улоги ги толкуваат Благој Веселинов и Анастас Тановски.

„Исцелител“ е мошне успешно филмско деби на Ставрески, кој е истовремено и сценарист и продуцент на филмот, како и монтажер на звукот. Камерман е Дејан Димески, а монтажата е дело на Мартин Иванов.

Веле (Благој Веселинов), механичар од железничко депо, немајќи пари да купи лекови, му дава на татко му Саздо (Анастас Тановски) колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа е притиснат од криминалците што си ја бараат дрогата назад и соседите-душкала, кои во него гледаат нова надеж, исцелител.

Премиерно, филмот беше прикажан на Солунскиот филмски фестивал во ноември 2017 година, а десет дена подоцна со „Исцелител“ беше затворен Фестивалот на европски филм во Скопје „Синедејс“.