Црн чад вчера на Трета македонска бригада, граѓаните веднаш пријавија во инспекција

Големо количество црн чад вчера можеше да се види на булаварот Трета македонска бригада во Аеродром, а граѓаните веднаш реагираа и случајот го пријавија во Инспекторатот на град Скопје. Како што информираа синоќа од Инспекторатот од нивна страна е излезено на терен, лоциран е правниот субјект и направен е записник за понатамошно постапување.

- Мора да знаат дека ако сакаат да работат во урбана средина каде што има жени, деца, бремени, стари луѓе, па и сите останати, ќе си инвестираат во технологија, ќе си сменат гориво ако треба, и се што е потребно. Нема да ги толелираме вечно, коментираат корисниците на социјалните мрежи.

Алармантен е фактот кој вели дека и покрај безбројте јавни апели и големата загаденост, се уште има лица до кои очигледно не допира ништо од ова и во вечерните часови се случуваат вакви емисии за штетни гасови.