Црква „Свети Константин и Елена“: Медиумите обвинуваат за криминал, ВМРО ДПМНЕ вели срамно е да се скандализира градбата

Црквата „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје, од идејата до изградбата ја следат голем број контроверзии, скандали, протести. Порталот ТВ Нова вчера објави истражување во кое откриваат наводни сомнежи за криминал затскриен зад љубовта кон Бога.

Во ова истражување порталот открива колку милиони евра легнале на сметката на фондацијата „Свети Цар Константин“ преку која се собираа средствата за изградба на храмот, кој ги организирал донаторските конференции и како раководството на ВМРО-ДПМНЕ е вклучено во оваа политичко – црковна афера.

ВМРО ДПМНЕ денес преку соопштение реагираше за прилогот на Нова ТВ.

Срамно е да се скандализира изградбата на црквата „Св. Елена и Константин“ и со манипулации да се напаѓа ВМРО-ДПМНЕ, а да се молчи за видео снимка на која се гледа како Зоран Заев бара поткуп за себе од 200.000 евра, криејќи се зад наводна изградба на црква во Струмица за што постои и видео запис, велат од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во денешното соопштение.

Првобитно, возобновување на црквата беше замислено црквата да се гради на неколку метри од старите темели, односно на самиот плоштад „Македонија“ во Скопје. Но, по бурните реакции и несогласувања на муслиманите и атеистите, локацијата беше преместена непосредно до Домот на АРМ и недалеку од автентичното место на скопскиот плоштад.

Осветувањето на темелите беше извршено на 11 ноември 2012 година лично од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, во сослужение со митрополитот брегалнички Иларион и свештеници од Скопската епархија.