Цинк: Чувар на здравјето и минерал на убавината

Цинкот се наоѓа во секоја клетка во нашиот организам и неопходен е за нормално функционирање на организмот. Тој се наоѓа во мали количини во нашето тело, односно со само 2-3 грама. Меѓутоа, поради неправилната исхрана и стресот, недостатокот на овој минерал станува чест проблем.

Тој е олиголемент кој има важна функција во организмот. Придонесува за создавање ензими, неопходен за многу метаболички процеси и вклучен е во синтезата на ДНК и протеините. 

Тој е особено важен за детскиот имунитет. Инфекциите кои се повторуваат се најчеста причина за одење на лекар. Актуелните испитувања говорат просечно за 6-8 инфекции годишно со просечна должина од 7-10 дена.

Најважната природна одбранбена бариера е цревната флора која кај децата често е нарушена поради честата употреба на антибиотици. 

Бројни студии покажуваат дека овој минерал е ефикасен во превенција на респираторни инфекции како и краткотрајни симптоми на настинки и грип. Освен тоа, тој одлично влијае и на когнитивните и психосоцијалните функции, како и моторните способности кај децата, но и возрасните.