Циклонот Андреа ќе донесе многу дожд - вонредна временска најава за викендот

Многу дожд, но и снег, како и снежна покривка  на повисоките места во регионот ќе донесе моќниот циклон Андреа кој од недела интензивно ќе го зафати регионот но и Македонија, каде очекува доста интензивни дождови, но и снег на највисоките планини.

Од недела попладне па во следните денови кај нас ќе има значителни врнежи од дожд кој локално ќе бидат проследени со грмежи и со засилен ветер, ќе има услови и за локален интензивен развој на нестабилна облачност проследена со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град кој би можел да биде и доста поинтензивен, анализира Славчо Поповски.

Според најновите анализи во регионот и тоа особено во Босна и Херцеговина, Хрватска како и во делови од Србија локално, во следниот период се очекува да наврне од 50 до 100 л/м2 воден талог, а локално дури и повеќе, додека пак во Македонија особено во јужните и во источните предели – локално и над 50 л/м2 со што има услови и за локални поплавувања или пак зголемувања на нивоата на реките и езерата низ државава.