Цигарите поскапеа пред празникот - Пост празнично најавена промена на цената на горивата

Поскапеа дел од цигарите.   Од четвртокот  се продаваат по повисока цена за 5 денари. Трговците велат – новите цени  ги добиле ненајавено.  Очекуваат во наредните денови и останатите производители на цигари да им достават  зголеменени цени на своите брендови .

За 5 денари поскапо се продаваат West silver ,West red и West white, Walter Wolf, Ronhill Black и gold, изјави трговец

Поради зголемената акциза, поскапувањето се очекуваше да стартува  за неколку месеци, пред почетокот на летото и тоа за  4 денари.

Поскапувањеро на цигарите започна од 1 јуни 2015 та година, кога се зголеми акцизата за 0,15 денари по парче. Од 1 јуни 2016 та па во наредните 7 години, поточно до 2023 та година акцизата се зголемува за 0,20 денари за парче.

Од оваа недела , односно од вторник се очекува и нова, зголемена цена на горивата. Ако се следи трендот на светските берзи, цената на нафтата  изминатиот период, поради несигурноста и случувањата во Сирија бележи нагорен тренд.  Порастот на цената на суровата нафта на светските берзи од 23 март до 11 април се зголеми за над 11%. Пред  две недели  Регулаторната Комисија за енергетика  не ја промени цената на безнините, освен кај дизелот, каде имаше намалување за денар и половина.  Сега, случувањата од светските берзи се очекуава да се рефлектираат и кај нас веќе од вторник.