Чувајте ги силните луѓе...

Силните луѓе можат да бидат многу понезаштитени од другите.

За време на бурата, тенката трска се витка и шушка, а борот едноставно се крши и засекогаш умира. Барем така викаат кинеските мудреци, а тие навистина знаат што зборуваат.

Силните луѓе воопшто не се одговорни за себе. Дури ни си за своите најмили. Тие се одговорни за целиот свет кој влегол во нивната орбита. Затоа што физичарите велат дека силата привлекува, а и тие знаат што зборуваат.

Силните луѓе воопшто не се поздрави и поотпорни од другите. Тие едноставно точно знаат дека немаат право да паѓаат во несвест се додека некој зависи од нив.

Тие се во состојба и во најлоша состојба да скокнат во вода и да допливаат до дете кое се дави и да се уверат дека се добри и дури потоа да земат здив. Така викаат лекарите, а тие во својот работен век виделе многу чуда.

Силните луѓе се многу осамени. Не затоа што никој не ги трпи покрај себе, едноставно...тие се силни. Затоа и никој не размислува дека и тие чувствуваат болка, став, осаменост, тага...

На земјата одат силни, молчаливи луѓе. Со нив не е секогаш лесно, не е секогаш пријатно, не е секогаш удобно, но со нив е сигурно. Тоа всушност е и таа поддршка која секогаш доаѓа напомош во последен момент.