Чувај го твоето срце за момчето кое ќе го промени твојот живот на подобро...

Немој ни за миг да помислиш дека твојот живот не вреди и дека не заслужуваш да ги почувствуваш сите прекрасни работи кои светот има да ги понуди. Заслужуваш да бидеш опсипана со љубов, да останеш без здив и да ја почувствував сета нефилтрирана радост за животот кој го сакаш.

Се додека не го најдеш момчето кое ќе го промени твојот живот на подобро и кој ќе ти покаже што навистина значи да бидеш целосно и безусловно сакана, чувај си го срцето.

Чувај го срцето за момчето коешто ќе те обожава.

За се што е прекрасно потребно е време, па затоа, додека чекаш, не се задоволувај со лаги, предавства, непочитување и злоупотреба.

Не се задоволувај со некој кој не се грижи доволно за да се бори за тебе и во добри и во лоши времиња.

Заљуби се во некој кој никогаш нема да сака да те напушти. Личност која секогаш ќе ужива во твоето друштво.

Не се плаши од тоа дека ќе пропуштиш нешто прекрасно, бидејќи твоето прекрасно ќе те пронајде тебе.

Не можеш цел живот да чекаш некој да те сака на начинот на кој ти го сакаш него. Твојата личност е некаде таму, универзумот ќе ти го донесе кога треба.

Само биди трпелива. Живеј сега и тука, искуси го животот пред да ја запознаеш твојата љубов. Не се задоволувај со медиокритетност.

Не дозволувај да заборавиш дека вистинската среќа секогаш е избор. И ти треба да ја избереш.