Чулев: Сериозни злоупотреби на системот за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност и натаму има пристап до уредите за прислушкување, што е спротивно на Законот и на препораките од Прибе, соопшти на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

„Поранешната УБК, денес Агенција за национална безбедност, се уште ја има задржано посредничката улога во системот за следење на комуникациите а кои се однесуваат за кривачни истраги кои што ги спроведува МВР. Односно, по четири години од извештајот на Прибе, состојбата во УБК останува во најголем дел непроменета. Агенцијата се уште е дел од системот за следење на комуникациите, спротивно на законот. Таа се уште има можност за пристап до сите телефонски разговори кои се предмет на оперативна обработка од страна на МВР “, појасни Чулев.

Чулев не тврди дека во Агенцијата се врши незаконско прислушкување, но го повика Обвинителството да го истражи случајот.