Човек треба добро да внимава кого пушта во својот живот...

Човек треба добро да внимава кого пушта во својот живот. Луѓето на кои им дава пристап во своите најголеми длабочини ќе ја одредат не само неговата иднината, туку и квалитетот на неговата сегашност. Тие ќе одредат дали ќе живее во мир и среќа или постојано ќе биде во некаква тивка војна со другите. Луѓето кои ги пушта во својот живот можат да му го претворат животот во рај или пекол. Тие ќе одредат дали секое утро ќе се буди со насмевка на лицето или ќе се прашува како да преживее уште еден ден. 

Човек треба добро да внимава кого пушта во својот живот. Тие луѓе ќе го одредат неговиот простор да биде свој и од нив зависи дали човек ќе живее во постојан страв од туѓото его и наметнувањата од другите. Луѓето кои влегуваат во нашите животи одредуваат дали ќе имаме мноштво убави спомени или ќе бегаме од минатото. Тие луѓе ќе одредат кои чувства ќе ги добиеме, а истовремено и дадеме, затоа што покрај негативни луѓе невозможно е човек да возвраќа позитивни чувства. 

Човек треба добро да внимава кого пушта во својот живот. Колку и да мисли дека е силен и дека ништо однадвор не може да управува со неговите одлуки, сепак е невозможно да не падне под никакво влијание на оние кои ќе му се приближат и кои незабележливо ќе му се вовлечат под кожа. Онолку колку што ќе дозволи да му се приближат негативни луѓе, толку еден ден ќе се обиде да побегне сам од себе, затоа што пуштање на некои луѓе во животот е невозможно, без тие луѓе да остават траен белег врз неговите размислувања и чувства. 

Пред сѐ и над сѐ, човек мора добро да внимава кого пушта во својот живот. Toa е најважната животна школа и без неа, сѐ останато паѓа во вода. Затоа понекогаш одвојте се од сите и од сѐ, добро размислете каде ќе ги поставите границите, внатрешните огради кои можат да ви го спасат или уништат животот. 

Никој не може да каже дека не знаел дека ќе му се случи она што му се случило, затоа што меѓучовечките односи не се ништо друго освен чиста математика. Ако на влезната врата на своите животи имате само срце, но не и разум, еден ден ќе биде предоцна да се ослободите од сето она што сте го примиле во него.

Водете сметка за овие работи пред да биде предоцна!