Човек може да љуби само три пати во животот: Три важни љубови и три важни лекции...

Дури и да не сте најголеми емотивци, сигурно досега неколку пати сте се заљубиле, а според оваа теорија за која пишуваме денес, човек може да има само три посебни љубови во животот.

Треба да се има предвид дека секој од овие љубови е присутна во нашите живот со добра причина. Тоа се три важни љубови и истовремено и три важни лекции.

Прва љубов

Обично се работи за љубов која се развива додека сме млади, а најчесто станува збор за средното училиште. Тогаш се јавува идеализација и таа пред се не’ потсетува на бајките кои ги читавме како деца.

Втора љубов

Втората љубов обично е тешка љубов. Таа се однесува на спознавање нови работи кои се учат преку болни лекции. Партнерите учат за себе, сфаќаат колку често сакаат да бидат сакани. Втората љубов предизвикува тага, без оглед на тоа дали станува збор за лаги или манипулации.

Трета љубов

Оваа љубов не ја очекуваме, често може да ни делува дека е погрешна и во најголемиот број случаеви, третата љубов ги уништува преостанатите идеали кои сме ги создале за тоа како треба да изгледа љубовта.