Чисти само онолку колку што мораш

Порано ми се случуваше за време на викенд да поминам барем 8 часа во чистење, затоа што сакав сѐ да биде совршено, ако некому му текне да наврати и да дојде на гости. И еден ден конечно сфатив дека никој не доаѓа, сите се некаде надвор, живеејќи и забавувајќи се.

Денес кога луѓето ми доаѓаат на гости, не морам да им се оправдувам и да им се објаснувам за состојбата на мојот дом, сите всушност се заинтересирани за тоа што сум правила и што правам додека живеам и се забавувам.

Ако сѐ уште не сте го сфатиле тоа сами, ве молам да го послушате овој совет. Животот е краток, уживајте во него. Чистете онолку колку што морате... зрем не е подобро да нацртате слика или да напишете писмо, да испечете колачи, да засадите цвет, да ја научите разликата меѓу САКАМ и МОРАМ? Чистете колку што морате, но немате премногу време... има толку многу реки кои можете да ги препливате, планини на кои сакате да се качите, музика која сакате да ја слушнете, пријателства кои сакате да ги задржите и живот кој сакате да го живеете...

Чистете онолку колку што морате, но животот е таму надвор, со сонцето во вашите очи, ветрот во вашата коса, снегулките на вашето лице, капките дожд... Овој ден нема да се повтори!

Чистете колку што морате, но имајте на ум... 

Староста ќе дојде и таа не е љубезна... а кога ќе умрете, а мора да се умре – вие самите ќе создадете само уште повеќе прашина...

Споделете го ова со сите прекрасни жени во вашиот живот.