Четири хороскопски знаци кои најдобро лажат

Најискрени се Овенот, Стрелецот  и Бикот, додека пак Шкорпијата, Девицата, Јарецот и Вагата се најдобрите лажговци.

Шкорпија

Во споредба со другите претставници на хороскопот, тие дефинитивно најдобро лажат. често се случува така да се заплеткаат во некоја приказна  така што пред другите луѓе комплетно стануваат нови личности. Лажат бидејќи сметаат дека тоа и служи на целта, но и за да не бидат „малтретирани од другите“. Често ги кријат своите работи и подлажнуваат за да не мораат да се оправдуваат, ниту пак да изгледаат слабо пред другите.

Девица

Ако им треба нешто и не гледаат начин тоа да го добијат, или пак ако се чувствуваат загрозено, претставнциите на овој знак без проблем ќе прибегнат кон лагите. Тие тоа го прават прилично уверливо, но често можете да ги забележите како по неколку дена ќе ви кажат друга приказна, различна од онаа што ја кажале. Бидете сигурни дека ќе лажат ако се бранат себеси или своите аргументи, па дури и да ги прочитате, никогаш нема да ги признаат лагите.

Јарец

Претставниците на овој знаксе родени со ментален склоп да тежнеат кон остварување на своите цели по секоја цена, а лажењето е една од алатките која им помага во тоа. Тие се водат според правилото дека целта ги оправдува средствата, но ќе признаат дека лажеле откако целата ситуација ќе заврши. На своите блиски тие полесно ќе им ја премолчат вистината отколку да ги лажат, или пак суптилно ќе ја пренасочат темата кон нешто друго. Ако лажат, тоа го прават на врвен начин.

Вага

Претставниците на овој знак лажат, но најчесто за мали нешта. Со оглед на тоа дека како и Близнаците, тие се трудат со сите да бидат во добри односи, за нив лагите се неизбежни. Би можело да се каже дека тие лажат за да одржат рамнотежа во меѓучовечките односи, но тие исто како и Јарците би ја премолчале вистината, отколку да кажуваат сложени лаги. Штом ќе почнете да ги распрашувате, веднаш ќе се предадат.