Музејот на македонската борба вечер по повод Денот на св. Климент Охридски ќе организира пригоден настан насловен „Творците во чест на свети Климент“.
Реч ќе одржат Михајло Миноски и Александар Прокопиев, а во чест на просветителот свои дела за музејската библиотека ќе донираат авторите: Јордан Плевнеш, Лилјана Котевска-Плевнеш, Ташко Саров, Михаил Белдедовски, Иван Глигоровски, Никола Јованоски, Ставре Џиков, Михајло Миноски, Гоце Ристовски, Блаже Миневски, Александар Кујунџиски, Киро Кипроски и Ангел Балкански.
По повод овој настан, во Музејот ќе има и две изложби – авторот Златко Бојковски ќе изложи скулптури, а ќе биде поставена и филателистичко-картофилска изложба „1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски–одрази во денешнината“ од збирката на Бранислав Светозаревиќ.
Во музичкиот дел ќе настапат ученици од Музичко-балетскиот училишен центар „Илија Николовски Луј“ предводени од проф. Благица Илиќ.