Често прашање - Да позајмам ли од пријател?

„Сите зборуваат за тоа колку е скапо да се опреми прваче, никој не кажува колку е тешко кога тинејџер ќе ти побара патики од 7.000 денари, а платата доцни.”

Вака започнува приказната на 42-годишниот Димитар, кој неодамна се соочил со прашањето кое честопати си го поставуваме – од каде да позајмам пари?

Одобрувањето на кредит преку банка е тежок и комплициран процес, за кој ви треба многу време и уште повеќе документи. Да побараш пари од пријател, пак, некогаш е многу потешко и од чекањето на банката.

- „Форца“ ми ја предложи колега од работа. Секако дека ја знам „Форца”, кој не ги знае рекламите со Игор Џамбазов, но си велев земање кредит по интернет не е за мене, сигурно е комплицирано. Ама кога си во тесно, ќе пробаш сѐ. Отидов на Forza.mk и првото нешто што го видов на насловната страница беше пријавата за кредит. Ги оставив само основните податоци и за нецели 10 минути, телефонот веќе ми ѕвонеше и за кратко време мојата апликација веќе беше на разгледување. За еден час на сметка ги имав парите и не ми се веруваше колку е сето тоа брзо. Па, дури и за некој што поим нема од компјутери. А пред некое време дознав дека можело и по телефон да се аплицира. Е тогаш не знаев! – низ смеа вели Димитар.

Но, според него, одобрувањето на кредитот не бил најдобриот дел од целото искуство, туку моментот кога дознал дека за првата апликација – каматата е нула денари, т.е. дека нема камата!

- Како да позајмив од пријател! Не, дури и подобро, зошто вака не морав да се срамам и да мислам како ќе му речам и што ќе му речам – вели тој.

Сите знаеме некој како Диме, а често и самите сме во таква положба. Како и за сите други работи, секогаш е добро да се има резервен план за секоја ситуација, па и за тие најнезгодните.