Чарлс Буковски: Ако нешто сакате да направите – одете до крај!

Чарлс Буковски  денес е познат по неговите искрени дела за животот и општеството и е еден од најзначајните, но и најконтроверзните американски писатели.

Сепак, тој не бил имун на тешкотиите на животот. Напротив, можеби и тоа е и дел од магијата на неговите дела. Тој знае што значи мака, осаменост, огорченост. Тој бил човек кој неколку пати го допрел дното и често се чувствувал отфрлен од општеството.

Многумина се пронаоѓаат во неговите дела, но од друга страна многумина се инспирираат токму од неговата приказна. Извадокот којшто ќе го прочитате подолу е токму пример за големината на Буковски, бидејќи тој секогаш знае да ги каже правите зборови и да ве погоди таму каде што е најпотребно.

Прочитајте го извадокот и извлечете ја потребната инспирација...

Ако сакате нешто да направите - одете до крај. Во спротивно не ни почнувајте. Тоа би можело да значи дека ќе ја изгубите девојката, жената, роднините, работните места и сосема можно и главата.

Би можело да значи и дека нема да јадете два, три, четири дена.... Може да значи дека ќе смрзнувате на некоја клупа. Можеби ќе ви донесе затвор, понижување или исмејување, можеби и изолација. Изолацијата е дар, се останато е тест за вашата издржливост и вашите желби навистина да го правите тоа што го сакате. А вие ќе успеете. И покрај одбивањата и слабите шанси и ќе биде подобро од она што го замислувате.

Ако веќе се решавате да се обидете, одете до крај! Нема чувство приближно на тоа. Ќе бидете сами со боговите, а ноќите ќе горат во пламен. Ќе го јавате живото се до совршената насмевка. И тоа е единствената борба која е вредна за трудот!

Чарлс Буковски – „До крај“