Целосно обновени тоалетите во ООУ „Војдан Чернодрински“

Целосно се обновени тоалетите во ООУ „Војдан Чернодрински“, во урбаната заедница Владо Тасевски (Млечен), информираат денеска од Општина Карпош.

Направена е санација на санитаријата, при што се поставени нови подни и ѕидни плочки, тушови, мијалници, дозери за сапуни, огледала и нови водоводни и канализациони цевки.

-Овие тоалети не беа обновени од основањето на ова училиште, со што конечно се овозможија подобри хигиенско – санитарни услови. Општина Карпош продолжува да работи на унапредување на условите во основните училишта, се вели во соопштението од Општина Карпош.

Од Општината иформираат и дека изминатиот период била санирана и спортската сала во ООУ „Владо Тасевски“, како и дека се работи и на нови сензорни соби за лица со попреченост во „Вера Циривири – Трена“ и „Лазо Трповски“, како и нови тоалети во „Аврам Писевски“, Бардовци.