Цело време ја правите погрешно: Вистинската проја ги има само овие 3 состојки!!

Вистинската проја се прави од само три состојки: крупно мелено пченкарно брашно, сол и вода, без додавање на сирење, месо и слично. Еве еден рецепт за вистинска селска проја.

Состојки:

400 гр крупно мелено пченкарно брашно 

220 мл млака вода (во која е разматен половина кесичка прашок за пециво) 

1 рамна лажичка сол 

маст (или масло) за намастување

Начин на подготовка:

Во брашното ставете ја млаката вода со разматен прашок за пециво и додајте една лажичка сол. Масата треба да биде нешто погуста од тесто за палачинки. 

Измешајте и ставете ја смесата во тепсија намастена со маст (ако постите со билно масло) ставете во загреана рерна на 230 степени, околу 15-20 минути. 

Испечената проја пропрскајте ја со вода, прекријте ја со кујнска крпа и оставете ја да се излади. 

Изладената проја исечете ја на коцки или триаголници и послужете наместо леб, со сарма, расол, полнети пиперки, јогурт или кисело млеко.