Булеварот Никола Карев утре ќе биде целосно затворен

Град Скопје информира дека поради извршување градежни работи, утре, во периодот од 8 до 24 часот, целосно за сообраќај ќе биде затворен бувеларот Никола Карев (т.н. пластичарска), на потегот од крстосницата со улицата Самуилова (Амбасадата на САД) до влезот во касарната „Илинден“.

Сообраќајницата ќе биде затворена заради асфалтирање на коловозот, што се реализира во рамките на проектот за изградба на булеварот Никола Карев.

извор-Макфакс.мк