Булеварот Крте Мисирков пред Бит Пазар почна да се реконструира

Екипите на Градот Скопје денеска ја започнаа реконструкцијата на коловозот на булеварот Крсте Петков Мисирков од раскрсница кај Судска Палата до клучката Бит-пазар во Општина Чаир. Увид во градежните работи на оваа делница изврши градоначалникот Петре Шилегов.

- Градот Скопје денеска започнува целосна и темелна реконструкцијана булеварот Крсте Петков Мисирков на потегот од раскрсница кај Судска Палата до клучката Бит-пазар, во должина од 1.350 метри во двете насоки . На одредени места со цел да се добие поквалитетна сообраќајница ќе се изврши и подобрување на подлогата со тампонски слој. Во наредните 30 денови ќе изработиме една квалитетна инфраструктура којашто е сериозно оштетена во овој дел на градот – изјави Шилегов.