Букет цвеќе, плишани мечиња - трговците најмногу се радуваат на Свети Валентин

Подароци, букет цвеќе, плишани мечиња, романтични вечери, љубовни чоколади - ова се дел од подароците кои си ги подаруваат вљубените. Велат, пораката е да се посвети внимание на саканата личност. Но, убедливо на празникот најмногу му се радуваат трговците. Денеска тријат раце, продажбата, велат, е одлична.

– Младите се повеќе се одлучуваат на овој празник да подарат цевт , па затоа ги наполнивме продавниците. Младите масовно го прославуваат Св. Валентин. Затоа набавивме најмногу рози, бидејќи тоа се бара – изјави Марија цвеќарка на Цветниот пазар.

-Мечињата,свеќите во облик на срце и црени перничиња се најбараните подароци овие три дена во нашава продавница.Се купува и долна облека, купувачите се помлади луѓе кои си го празнуваат денот на вљубените, вели една продавачка од гифт шоп.

Воедно скопски кафулиња и ресторани веќе се резервирани за денот на вљубенитеи виното. Тие велат дека младите претежно резервираат во кафулињата и секоја година им излегуваат во пресрет, додека пак, во кафеаните и рестораните традиционално со добро вино и музика се слави Свети Трифун.

Католичкиот празник Св Валентин добива се поголема застапеност во православниот свет, особено кај младите. Мислењата се поделени, едни сакаат да веруваат во моќта на љубовта, а други во бериќетот и доброто вино. Еве што велат скопјани:

-Искрено Св. Трифун е наш празник, па практикувам него да го славам, Св. Валентин стана мода некоја која годиниве наназад се наметна, шетајќи се гледам дека има и доста голема понуда на подароци низ градот токму за овој празник, вели Марко (26).

-Дефинитивно Св. Валентин, заедно со декчо ми ќе излеземе на романтична вечера.Секоја година си подаруваме по нешто лани добив големо плишано мече, вели Ангела (20).

-Јас си ги празнува и двата празника.Тој ден ми е резервиран заедно со друштвото и нашите девојки да се собереме кај некого дома и да си направиме убава вечера, задолжително со црвено вино, вели Горан (30).

И додека едни го прославуваат, Врховниот суд во пакистанскиот главен град Ислабамад забрани празникот да се чествува во оваа азиска земја, одлуката е донесена по барање на граѓаните бидејќи велат дека е спротивно на исламското учење.