Будва-бисерот на Јадранот!

Прекрасна обала, убавото море, прекрасни плажи, сонце, убави луѓе... не е случајно што Будва и будванската ривиера важат за едно од најпривлечните туристички места.! Ридестите предели, монументалната архитектура, прекрасните домашни вина и храна, живописни плоштатчиња се само дел од нештата што ја прават Будва прекрасна.

Во близина на Будва се наоѓа и Свети Стефан, некогаш рибарско село, кое денес е е дно од најлуксузните летувалишта во Црна Гора, и воопшто на Јадранското море. Многу познати светски имиња од светот на филмот, музиката, дипломатијата, спортот и културата овде ги поминуваат своите летни одмори.

Околу Будва има бројни мали села кои вреди да се посетат - со фантастична архитектура, тесни улички богати со цвеќе, убави цркви, и неверојатен поглед на море - тие претставуваат уживање за сите сетила. “Будванската ривиера“ ги нуди 35-те најпознати плажи на Јадранот (Јаз, Плоче, Трстено, Могрен, Словенска плажа, Бечичи, Милочер, Св.Стефан...)

Списокот на убавини што можете да ги видите во Будва и регионот околу неа е долг, но она што е сигурно е дека овој медитерански рај нема да ве остави рамнодушни.