Како денешен десерт подгответе го овој брз и едноставен колач ...

Потребно е:
за кората:
3 јајца
150 гр шеќер
150 гр брашно
1/2 кесичка прашок за пециво
3 лажици млака вода

За филот:
1 мала тегличка чоколаден крем
4-5 банани
500 мл слатка павлака
малку шеќер
малку изрендано чоколадо за украсување

Подготовка:
- Изматете ги јајцата и шеќерот. Додадете млака вода и продолжете со матењето.

- Додадете ги брашното и прашокот за пециво и измешајте со лажица.

- Смесата сипете ја во намастена и набрашнета тава и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 20-25 минути. Проверете со чепкалка за заби дали е печена кората.

- Оставете да се излади кората и премачкајте ја со чоколадниот крем.

- Над кремот наредете еден ред бананите исечени на половина по должина.

- Изматете ја слатката павлака и премачкајте ја над бананите.

- Украсете со рендано чоколадо и ставете ја во фрижидер убаво да се излади.

- Исечете ја на парчиња и послужете.