„Броз Кафе“ доби две казни од oпштина Центар

Инспекциските служби на Општина Центар викендов констатирале дека „Броз кафе“, спротивно од законските одредби, има поставено маси и столици , без добиено одобрение од Град Скопје.

Поради тоа, на фирмата и се изречени две глоби од 4.000 евра, а на одговорното лице, 30 отсто од глоба за правното лице. На кафулето му е наложено да ја отстрани поставената урбана опрема.

Последна опомена им е изречена и на рестораните кои се наоѓаат на „Боемската улица".