Бразилско засилување за нападот на Вардар

Бразилецот Хозе Оливера дос Сантош Итало од денеска и официјално е  нов фудбалер на шампионот. 


„„Многу сум среќен што дојдов во Вардар, ова за мене е нов предизвик во кариерата. Пред да дојдам тука научив дека Вардар е најтрофејниот клуб во Македонија и дека три пати по ред е шампион. Се надевам дека Вардар ќе го мине Фенербахче и дека ќе играме во групната фаза од Лигата на Европа“ истакна Итало.