Брауни е новото бебе во Зоолошката градина во Скопје

Зоолошката градина е збогатена со уште едно животинче.

„После повеќе од 10 години, во ЗОО Скопје се роди кафено еленче лопатар. Утрово, нашиот Горан Анастасовски имаше можност да ги направи овие преубави фотографии веднаш по раѓањето. Добредојде Брауни“, пишуваат на фејзбук профилот на зоолошката градина.

Во скопската Зоолошка градина, после повеќе од 10 години, денеска се роди кафено еленче лопатар. Фотографот на „Нова Македонија“ Горан Анастасовски имаше можност да направи фотографии веднаш по раѓањето на еленчето.