“Брачна игра” со Џамбазов и Петрушевска во МНТ

Претставата “Брачна игра” во режија на Тони Михајловски, со Игор Џамбазов и Весна Петрушевска во главните улоги ќе биде одиграна вечерва (13 февруари) на сцената на Македонскиот народен театар (20 часот).

“Брачна игра” мириса на нешто ептен лично. Брачна меланхолија!? Здодевност!? Баруштина!? Очај!? Здодевност!? 50 години!? Хистерија како гром од ведро небо!? Караница!? Здодевност!? Брачни проблеми!? Тоа па тоа!? Кој е лудаков!? Здодевност!? Што бара во мојот живот!? Џилијан и Џек!? Весна и Игор!? Јасна и Перо!? Маре и Нико? Тука? По градов? Некаде во соседството? Бла, бла, бла… Кај на сваќата внуката од брат? Кај кумовите? По дома? А? Познато? Мириса на нешто лично? Мириса на нешто многу лично!

Брачна игра на Едвард Олби гарантира феноменално патување низ нервниот систем на Џилијан и Џек! Конфликт до коска! Тешки прашања се уште без одговори. Психоанализа до баналност! Трагика до комичност! Љубов до омраза! Брак до развод, и назад! Феноменална забава, божем на туѓа сметка…