Bossa Nova вечер во MKC Club & Restaurant

25ти Јануари, роденденот на Tom Jobim, Бразил го чествува преку организација на национален ден на Bossa Nova. Во Македонија, ние ќе го одбележиме овој датум еден ден порано, со Bossa Nova вечер!

Вокалот Amália Baraona ќе го прослави ова движење заедно со нејзините пријатели Тони Китановски, Дарко Пешевски, Кирил Кузмано, Виктор Филиповски, како и неколку специјални гости.

Ќе ни отсвират дел од репертоарот на Ary Barroso и Dorival Caymmi, столбови на бразилската популарна музика, кои го инспирираа Jobim, таткото на Bossa Nova, и македонскиот композитор Драган Ѓаковски-Спато.

Локација: MKC Club & Restaurant

Почеток: 21:00 часот