Богоев: Засадени се повеќе од 300 високо развиени дрвја во Карпош

Засадени се повеќе од 300 високо развиени дрвја, а континуирано се работи на обнова на блоковското зеленило и на подигнување повеќе тревни површини, во различни населби на Општина Карпош, објави градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев.

– Направивме нов парк – сквер во Тафталиџе 2. Добивме нова фитнес зона на Кејот на реката Вардар.
Зона за спорт и рекреација имаме и во Карпош 4. Влае 2 доби современ парк за миленици. Простор за домашните миленици направивме и на Кејот на реката Вардар. Добивме нов објект на градинка во Тафталиџе 2, како и целосно нова градинка во Бардовци. Со „ Мој Карпош – моја картичка“ карпошани добиваат бројни попусти и бенефиции. Се обнови и игралиштето „Сокол“, а се рестартираше и Меморијалниот турнир во мал фудбал, којшто е симбол за маалска дружба – потсетува тој.

Вели дека целосно е реконструирана улицата „Варшавска“, која доби и нова водоводна и канализациона мрежа.
Се обнови и улицата „Карпошово востание“ во населбата Карпош 3. По повеќе децении, нов лик доби и улицата „Њуделхиска“. „Партизан“ не го забораваме. Работиме на негово враќање во наше владение, по што ќе следи целосна реконструкција на објектот. Овој дел ќе остане со намена за спорт и рекреација – додава Богоев.

Изведбата на Спортско – адреналинскиот парк, како едно од главните ветувања во мојата програма, започнува овој октомври. Целосно ќе го разубавиме делот од Вештачката карпа до бунарите на река Лепенец, со многу спортско – рекреативни содржини и зеленило – вели Богоев.