Богоев: Нема да се зголемува катноста во Трнодол

Закажана е нова јавна анкета за ДУП-от Градска четврт, блок 7, за делот околу Трнодол. По низата забелешки за првичниот план, направени се неколку средби со граѓаните и направени се измени, а даден е и дополнителен рок за граѓаните да увидат што се предвидува во изменетиот план. Градоначалникот Богоев наведе дека зеленилото во Трнодол ќе биде зачувано, а катноста нема да биде зголемена.

Богоев се надоврза и на проблемот со паркинг местата во Карпош еден и Карпош два кој донесе преку 300 жалби од граѓаните кои се засегнати и живеат таму. Граѓаните кои живеат во овој дел од Карпош преку анкета ке се изјаснат дали сакаат во овој дел да има зонско паркирање, а тоа ќе се наплаќа само за оние кои по лична карта не се жители на Карпош еден и Карпош два, додека пак оние кои таму живеат паркинзите ќе ги користат бесплатно.

Објектот „Партизан“ ќе се заштити од приватизирање, како што велат од општината тој ќе се користи за спорт и рекреација. Веќе постојат два идејни проекти кои ќе бидат поставени на сајтот на општината, воедно каде што и луѓето ќе гласаат за еден од понудените проекти. Реновирањето треба да започне во 2020 година по проверките на статиката на објектот.