Богоев: Нема да има згради на влезот на Трнодол

Градоначалникот на општина Карпош ги демантираше гласините за изградба на згради пред влезот во населбата Трнодол.

„ -  Кај таканаречениот „чатал“ помеѓу патот за Трнодол и патот за Жданец нема да има зграда туку ПАРК.

- Со предложениот ДУП, овој пат, патот за Трнодол останува и понатаму ист. Мостот е предвиден со Регулацискиот план на Град Скопје и ние сме должни тој Регулациски план да го преземеме во нашиот ДУП, но патот за Трнодол не се менува.
-  Ниту каналот ќе се затвори, ниту на ова место ќе се гради зграда, ниту патот за Трнодол ќе се затвори.
За сите овие работи, граѓаните можат да се уверат на јавната презентација, во 13:30 часот, во просториите на УЗ „Кузман Јосифовски Питу“ - информираше Богоев.