„БМВ“ и „Добло“ се судриле вчера во Центар, возач завршил во Градска

Вчера претпладне на ул.„Филип Втори“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ч. (37) од с. Рашче, скопско, и патничко возило „фиат добло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(50) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобил Н.Ч. и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.