Блуз и рок гитаристот Давид Нешкоски во Станица 26

Концертната агенција и продукција „3Гонга“ најавува светска премиера на триото„The Daf Project“ на нашиот најдобар блуз и рок гитарист Давид Нешкоски, кој дел од своето музичко патешествие го помина во САД, каде има настапувано и соработувано со голем број познати музички имиња од блуз\рок сцената во Њујорк и Лос Анџелес.

Во Станица 26 ќе настапи во придружба на Филип Јездеќ и Александар Шилоски. Концертна промоција на албумот „Let Go“ е закажана на 26-ти октoмври (четврток), во ноќниот клуб Станица 26 со почеток во 22 часот.
„The DAF Project“ е најновиот проект на Давид Нешкоски, Филип Јездиќ и Александар Шилоски. Рок триото е оформено од музичари со сериозно музичко искуство зад себе, со голем број соло изданија, снимени студиски албуми и настапи низ Балканот, Европа и САД.
Новото ЦД на The DAF Project е именувано “Let Go”.
Снимањето на проектот го изработија Давид Нешкоски и Александар Шилоски, а севкупната аудио продукција, микс и мастер ја работи Александар Шилоски. Музиката и аранжманите се сработени од сите тројца, текстовите се на Давид Нешкоски.
Нешкоски е професионален музичар, текстописец, композитор и продуцент. Со долгогодишно искуство во бендови во земјава и странство. Со неговото трио издава 3 соло албуми, кои се одлично прифатени од македонската и странската слушателска публика. Почнувајќи од „Crossroad Blues Band“, потоа „Давид Нешкоски Трио“, па „The DAF Project“ и огромниот број соработки на Давид со музичари од Лос Анѓелес, Њујорк, Лондон, Берлин, Чикаго.
Освен настапите во Македонија, значајни се настапите на меѓународните блуз фестивали во Мостар (БиХ), Сента (Србија), Вараждин и Умаг (Хрватска), Копер (Словенија), Загреб (Хр.) каде рамо до рамо со познати светски блуз музичари ги бранеше боите на Македонија. Давид има настапувано со голем број големи гитарски имиња на европско ниво. Почнувајќи со домашните Дамјан Пејчиноски, Венко Серафимов, така до најдобрите во Европа како Henrik Freischlader, Virgil McMahon, Ana Popovic… Билетите ќе бидат во продажба на kupikartizase.com. Истите ќе може да се купат и на самиот влез.