Бидете сами сѐ додека не запознаете некој кој навистина се грижи за вас

Чувството дека треба да бидеме со некого и дека мораме да имаме романтична врска истовремено нѐ возбудува и ужаснува. Возбудува затоа што знаете колку сте подготвени да дадете љубов, но ужаснува затоа што можете да завршите сами без да имате со кого да ја споделите таа љубов.

Но, ако добро размислите, не би требала да ве ужаснува мислата да бидете сами. Има уште полоша опција: Да бидете со некој на кого воопшто не му е грижа за вас.

Не треба да се ужаснувате од тоа да бидете сами, затоа што без оглед на тоа кој доаѓа и си оди од вашиот живот, вие ќе бидете оние кои остануваат, единственото друштво на кое можете да му верувате. Среќата не извира од тоа да бидете со некого, туку реалноста дека некој бил во можност да ви го даде вниманието кое ќе ве направи среќни. А кој го може тоа подобро од самите вие?

Има луѓе кои се во врска, а сепак се чувствуваат осамено. Има луѓе кои се слободни и се чувствуваат дека не им е потребен никој друг во животот. Никогаш не треба да зависите од идејата дека морате да бидете со некого.

Ако изберете да ја споделите својата интимност, чувства и најдлабоки мисли со некого, би требало тоа да го направите не затоа што ви треба, туку затоа што тоа е она што го сакате. Треба да бидете со некого поради тоа што го чувствувате за нив, поради начинот на кој го пополнуваат вашиот празен простор. Зошто да трошите време, енергија и чувства на некој кој ви го дава своето внимание затоа што мислат дека мораат да го направат тоа, а не затоа што навистина го сакаат тоа?

Зошто да трошите безброј часови грижејќи се за сродната душа која немала време да ви објасни нешто важно или воопшто не се грижи за вашите чувства?

Навистина е бесмислено да се обидувате да поправите некој кој се обидува да ве скрши, особено ако немате чувство дека „тоа е тоа“.

Не смеете да дозволите да се заглавите во кругот на зборови и дела кои се повторуваат и кои не водат никаде. Не треба да бидете опседнати со идејата дека не правите доволно, особено кога другата страна не прави ништо за вас.

Партнери кои вредат се оние кои ќе бидат со вас затоа што ве сакаат со секој дел од своето битие. Љубовта е акција, постојатно движење. Ако е било што друго – тоа не е љубов.

Треба да посветите време на некој кој ќе ужива додека ве слуша, кој ќе биде покрај вас кога сте сами. Дотогаш, подобро е да бидете сами. Подобри сте во реалноста која ја создавате самите за себе.

Сакајте се себеси дури и кога некој ве сака повеќе и сакајте се себе дури и кога никој друг не ве сака.