Без вода утре корисниците на „Георги Димитров“ и „Вера Јоциќ“ во скопска Кисела Вода

Корисниците од улиците „Георги Димитров“ и „Вера Јоциќ“ во општина Кисела Вода во Скопје утре од 9 часот ќе немаат вода поради изведување водоводен приклучок на ул. „Георги Димитров“ бр.17 б.

Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување од ЈП Водовод и канализација.