Без вода денеска делови од Кисела Вода и Сопиште

Од Водовод и канализација-Скопје известуваат дека поради уличен дефект на ул.Христо Татарчев денеска  без вода ќе бидат жителите на дел од населбата Кисела Вода.

„Ве известуваме дека на ден 1 февруари поради уличен дефект ф 700мм на ул.Христо Татарчев, кај кружниот тек на влез на ул.2 н.Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Христо Татарчев од ул.1 до ул.11, бул.Борис Трајковски од ул.2 до ул.10, Фабрика Цементара, бензинските пумпи, Супер Тинекс и Рамстор на бул.Борис Трајковски,Сервисна зона југ (сите фирми), дел од ул.Христо Татарчев со намален притисок и можно е краток период без вода да останат корисниците од висока зона Аердром и Ново Лисиче од 08:30 часот до завршување“соопштија денес од ЈП Водовод и канализација-Скопје.

Воедно поради реконструкција на водоводна мрежа од ф-3/4“ на 2“ на ул.22 во с.Сопиште, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците до завршување.

За сите дополнителни информации граѓаните можат да се информираат на телефонскиот број 023073010.