Без вода дел од жителите на Бутел 2

Прекинато е водоснабдувањето за жителите на улиците  „Алпи“ и „Иван Манолев“ во населбата Бутел 2. Екипите на ЈП Водовод и канализација - Скопје работат на отстранување на уличниот дефект ф80мм на улицата „Алпи“ 43. Прекинот ќе трае до завршување на интервенцијата, соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје.